ЕКОВИС ПРИМЕКО АУДИТ на нова локација - поставено на 05.03.2012.
Почитувани, ве известуваме дека од понеделник 05.03.2012 се преселивме во нови деловни простории кои се наоѓаат на бул. “Јане Сандански“ бр. 62-1/1. До воспоставување на фиксните телефонски линии ве молиме да не контактирате на мобилниот телефон 070/278-788.
Семинарски материјал - поставено на 14.02.2012.
Семинарскиот материјал за подготовка на годишната сметка и финансиските извештаи за 2011 година можете да го преземете ОВДЕ.
Пресметка на плати во 2012 година - поставено на 09.1.2012
Во врска со пресметката на платите во 2012 година, ви ги нудиме следните ресурси:
(1) Коментар за пресметка на платите во 2012 година кој можете да го
погледнете
ОВДЕ.
(2) Excel табела за пресметка на платите во 2012 година која можете
да ја преземете
ОВДЕ.
(3) Пресметка на плата на овие страници која можете да ја правите
ОВДЕ.
Податок за пресметка на плата во 2012 година - поставено на 27.01.2012
Просечната исплатена месечна бруто плата по вработен (работник) која ќе се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за плаќање на придонесите во 2012 година изнесува 30,591 денари.
Рекласификација 2011 - поставено на 26.01.2012
Рекласификација од старите на новите сметки можете да направите ОВДЕ.
Дали микро и малите трговци (ДООЕЛ, ДОО) имаат законска обврска покрај годишната сметка за 2011 година да подготват и финансиски извештаи за истата година? - поставено на 21.01.2012
Кога станува збор
за термините "годишна сметка" и "финансиски извештаи", треба да
имаме во предвид дека практично станува збор за две различни работи.
Имено, годишната сметка се подготвува во согласност со Правилникот
за формата и содржината на годишната сметка (тоа се пропишаните С
билансни шени (обрасци) кои се доставуваат до Централниот регистар),
а финансиските извештаи се подготвуваат во согласност со пропишаната
рамка за финансиско известување за дадениот ентитет (тоа се
финансиски извештаи подготвени во согласност со барањата на МСФИ).
Овде е значајно да се напомене дека согласно членот 476 став (6) од
ЗТД, годишната сметка и финансискиот извештај кои се однесуваат за
иста деловна година и кои се подготвени согласно одредбите на овој
закон и со прописите за сметководство треба да содржат идентични
податоци за состојбата на средствата, обврските, приходите,
расходите, главнината и остварената добивка односно загуба на
друштвото за деловната година.
Во овој контекст се постави следното интересно прашање: “Дали микро
и малите трговци (ДООЕЛ, ДОО) имаат законска обврска покрај
годишната сметка за 2011 година да подготват и финансиски извештаи
за истата година?“. Одговорот е содржан...
Целиот текст можете да го погледнете
ОВДЕ.
Прирачник за МСФИ за МСЕ - поставено на 15.01.2012
На страниците е поставен електронскиот прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети. Овој прирачник е засега прв и единствен во Република Македонија, независно од тоа дали станува збор за печатени или електронски изданија. На повеќе од 500 страници, дадени се 800 практични примери и 265 квиз прашања за проверка на знаењето. Материјалот е подготвен со користење на изворна литература која е публикувана од IASC (IFRS) Foundation. До прирачникот можете да пристапите ако притиснете ОВДЕ.
АОП 25 од образецот ДБ за 2011 - поставено на 13.01.2012
Износот кој треба да се внесе на АОП 25 (реден број 24 - Износ на камати на заеми добиени од содружници или акционери - нерезиденти со најмалку 25% учество во капиталот на друштвото) од образецот ДБ за 2011 година можете да го пресметате ОВДЕ.
Нови содржини - поставено на 10.01.2012.
1. Новиот сметковен план заедно со шемата за рекласификација сега е
достапен и на англиски јазик
(а) сметковниот
план можете да го погледнете
ОВДЕ.
(б) шемата за рекласификација можете да ја погледнете
ОВДЕ.
(в) сметковниот план и шемата за рекласификација можете да ги
преземете во excel формат на
ОВДЕ.
2. Од бруто биланс до биланс на успех (достапно на македонски и на англиски јазик)
Овде имате можност преку внесување на салдата на потребните сметки согласно новиот сметковен план автоматски да направите Биланс на успех согласно новите пропишани билансни шеми.
3. Од бруто биланс до Биланс на состојба (достапен на македонски и на англиски јазик)
Овде имате можност преку внесување на салдата на потребните сметки согласно новиот сметковен план автоматски да направите Извештај за финансиската состојба (биланс на состојба) согласно новите пропишани билансни шеми.
4. Од бруто биланс на Сеопфатна добивка (достапен на македонски и на англиски јазик)
Овде имате можност преку внесување на салдата на потребните сметки согласно новиот сметковен план автоматски да направите Извештај за останата сеопфатна добивка согласно новите пропишани билансни шеми.
Новиот сметковен план достапен во excel формат - (достапен на македонски и на англиски јазик)
Новиот сметковен план (заедно со шемата за рекласификација) во excel формат можете да го преземете ОВДЕ.
Како да се состави образецот "ДБ" за 2011 - поставено на 04.01.2012
На ваше барање, деталните објаснувања за составување на образецот “ДБ“ за 2011 година можете да ги преземете во excel формат ОВДЕ. Доколку сакате брз преглед на описот на одредена позиција од образецот, истото можете да го направите ОВДЕ.
Лично ослободување за 2012 - поставено на 24.12.2011
Личното ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно се утврдува во износ од 7.470 денари, согласно со член 15-а став 2 од Законот за персоналниот данок на доход. На годишно ниво овој износ е 89.640 денари (во врска со членот 10, став 1, точка 3 од Законот за персоналниот данок на доход).
Корегирани билансните шеми - поставено на 22.12.2011
Во “Сл.весник на
РМ“ бр. 174/2011 е објавен Правилникот за изменување и дополнување
на правилникот за фомата и содржината на годишната сметка.
Преземи ги корегираните билансни шеми.
Нов сметковен план - поставено на 22.12.2011
Во “Сл.весник на
РМ“ бр. 174/2011 е објавен Правилникот за сметковниот план и
содржината на одделните сметки во сметковниот план.
Погледни го
новиот сметковен план.
Во рамките на истиот Правилник објавен е и споредбен преглед помеѓу
старите и новите сметки кој можете да го погледнете
Овде.
Нов правилник за данок на добивка - поставено на 17.12.2011
Во “Сл.весник на РМ“ бр. 173/2011 е објавен Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување. Правилникот кој е во сила од 16.12.2011. можете да го преземете
ОВДЕ.
Со истиот правилник се пропишани повеќе нови обрасци кои се веќе во сила и тоа:
- Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (ДБ)
- Даночен биланс на вкупен приход (ДБ-ВП)
- Пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката (ДД-ИД)
- Извештај за уплатениот данок по задршка (ДД-И)
Објавени се и други обрасци (барања) кои се однесуваат на задржаниот данок, но тие во моментов не се достапни во електронска форма на страницата на УЈП.
Нова ДДВ - пријава - поставено на 17.12.2011
Во “Сл.весник на РМ“ бр. 173/2011 е објавен Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност
Новата даночна пријава (ДДВ-04) можете да ја преземете
ОВДЕ
Во врска со доставата на новата “ДДВ-04“ пријава преку пошта, УЈП издаде соопштение кое можете да го погледнете
ОВДЕ
Нови страници поставени на 01.12.2011
ФОРМАЛНА И ЛОГИЧНА КОНТРОЛА НА НОВИТЕ БИЛАНСНИ ШЕМИ
формална и логична контрола на новите билансни шеми может да вршите ако притиснете
ОВДЕ
Едновремено ве информирам дека поради направена една корекција, потребно е повторно да ги преземете новите билансни шеми во excel формат. Тоа можете да го направите
ОВДЕ
Коментар поставен на 26.11.2011
СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОЛИТИКИ, ПРОЦЕНКИ И ГРЕШКИ КАЈ ЕНТИТЕТИТЕ КОИ ГО ПРИМЕНУВААТ МСФИ ЗА МСЕ Генерално, од аспект на менаџментот, сметководствените политики се веројатно најмистичната област со која тој мора да се занимава. Впрочем, кога станува збор за израз кој е составен од зборовите “сметководство“ и “политика“, алузиите за него би можеле да бидат навистина непријатни. Кога би биле саркастични, за првиот би можеле да зборуваме како за систем кој генерира неточна аритметика од точни податоци, а за вториот како за средство кое точното може да го претстави како неточно и обратно. Кумулативно, според оваа логика, сметководствените политики се идеален медиум за да се оправда било какво и било чие тврдење во финансиските извештаи. Но, дали е навистина така? Прочитај го целиот коментар
